Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и Киалицијата “Твоја Македонија” Драган Ковачки ја предводеше повеќепартиската парламентарна делегација во седиштето на НАТО во Брисел. Во рамки на посетата биле третирани прашања поврзани со безбедноста на територијата на Европа и САД, пред се околу подобрувањето на капацитетите за справување со потенцијални безбедносни закани на земјите членки на НАТО.
“Посета на Брисел на повеќепартиската собраниска делегација во НАТО
Во рамките на зајакнатата соработка во НАТО, во периодот 16-19 февруари предводев повеќепартиска собраниска делегација во седиштето на Алијансата во Брисел. Посетата имаше за цел продлабочување на дијалогот во НАТО институциите, размена на искуства и анализирање на актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува регионот и пошироко.
Во текот на посетата, беа дискутирани прашања поврзани со безбедноста на евроатлантскиот простор и зајакнување на националните одбранбени капацитети, како и улогата на парламентот во процесите на одлучување.
Разговаравме за безбедносните ризици во Европа, стратешките приоритети на Алијансата и важноста на колективната одбрана во контекст на новите глобални предизвици.
Оваа посета беше значаен чекор во зајакнување на парламентарната дипломатија и поддршката за реформските процеси, кои се од суштинско значење за нашата земја како членка на НАТО.
Размената на ставови и идеи со партнерите во Брисел потврди дека конструктивниот ангажман и политичкиот консензус за безбедносните прашања остануваат клучни за стабилноста и просперитетот на регионот.”
-напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Организиран настан за снимање спот со над 300 возила кои турирале со моторите. Полицијата реагирала експресно и ги растерала присутните
Македонија 7 дена ќе тагува по своите ангели кои заминаа на небесата
Осум повредени од пожарот во Кочани примени во „Пирогов“ во Софија, нивната состојба е тешка