БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ниедно семејство не смее да остане без електрична струја. Министерката Божиновска најавува помош за најранливите

Пренеси го гласот

Со свое видео обраќање утринава Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска преку социјалните мрежи го најави пакетот за помош на ранливи категории на граѓани за обезбедување основна енергетска стабилност за домаќинствата.

“60 милиони денари на располагање за да помогнеме на илјадници семејства.

Секое домаќинство кое ги исполнува условите:

✅ Семејствата со деца со попреченост

✅Згрижувачките семејства

Ќе добиваат 1.000 ден месечно намалување на сметките за струја, цели 12 месеци.

За 40.000 домаќинства пак што користат гарантирана минимална помош, освен средства за енергенси обезбедено и:

🔹 Забрана за исклучување на струја во зимските месеци (декември, јануари, февруари)

🔹 Реструктуирање на долговите и полесно повторно приклучување – без бирократија!

Огласот наскоро.

Аплицирањето едноставно и директно преку Министерството.”

-информираше Министерката Божиновска преку социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот