БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки од Македонска Каменица го честиташе денешниот празник

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Македонскиот парламент Драган Ковачки денеска утрово го посети малото рударско гратче на истокот од Македонија, Македонска Каменица.

Покрај средби со граѓаните тој присуствуваше и на утринска света божествена литургија во црквата Пресвета Богородица во Македонска Каменица.

Тој во својата порака упатена преку социјалните мрежи им го честиташе денешниот празник на сите христијани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Утрово сме во Македонска Каменица, меѓу своите луѓе, на Голема Богородица и на Денот на рударите.

Оваа наша мала Швајцарија на истокот живее од рударите, од луѓето што секој ден се симнуваат под земја, работат напорно и чесно и со свои раце го вадат лебот за своите семејства.

На сите рудари им посакувам прво здравје, а па потоа сеʼ друго.

Секој што ќе се симне долу, да се врати жив и здрав, а дома да го чекаат насмеани лица.

Нека Пресвета Богородица ги чува нив и нивните семејства, а во секој дом да има мир, бериќет и надеж”

-стои во пораката упатена од Македонска Каменица на генсекот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки

Креирано од:


Пренеси го гласот