БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Еднаш вака, еднаш така…Заев влегува во директен судир со Прибе и ЕУ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Заев влегува во директен судир со Прибе и ЕУ

 
На нецел месец пред објавувањето на новиот извештај на Европската Комисија за Македонија владата влегува во директен судир со авторот на фамозниот извештај на ЕУ со кој од земјава се бараат итни и темелни реформи.
Иако премиерот и СДСМ прифатија да го сменат членот 175 од законот за електронски комуникации тие се предомислиле, и сега не им пречи УБК  да има траен пристап во реално време и директно некого да прислушува.
Според владата веќе не е неуставно материјалите од прислушувањето УБК без контрола да ги има веднаш без налог на судија.
Синоќа Владата одлучила да се запре постапката за оценување на уставноста на фамозниот член 175 од Законот за електронски комуникации.
Предходно тие  таканаречените „бомби“  ги оценуваа како последица на неограничената можност на УБК да има пристап до уредите и да врши прислушување на граѓаните без посебни критериуми.
Тогаш ставот на експертите што ја поддржуваа СДСМ беше дека доколку се укине или измени членот 175 од Законот за електронски комуникации ќе се ограничи можноста на УБК масовно да прислушува.
За ваквата концентрација на моќ, имаше забелешка и во извештајот на Рајнхард Прибе. Освен да се оневозможи  УБК неограничено да прислушува без да има критериуми и правила на игра  се бараше Контраразузнавање воопшто да нема можност сама да поседува такви инструменти и апарати туку да оди тоа преку операторите.
Во јуни, Уставниот суд поведе постапка за уставноста и законитоста на членот 175 од Законот за електронски комуникации.  За повеќето судии, членот беше спротивен на Уставот бидејќи овозможува неограничено следење на комуникациите од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање без соодветна контрола.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace