БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Едукација за поголема безбедност на младите во сообраќајот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Кочани, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани и МВР ОВР ПС Кочани одржаа едукативни предавања во двете средни училиште во Кочани како дел од кампањата за поголема безбедност на младите во сообраќајот – посветена на матурантите.

Во рамките на предавањата, преку мултимедијална презентација, учениците матуранти од СОУ „Гошо Викентиев“ и СОУ „Љупчо Сантов“ непосредно се запознаа со ризиците од управување на возило под дејство на алкохол и практичните причини прославите да поминат без да се управува со автомобил. На предавањата беше нагласено дека сообраќајната свест и безбедност зависи од секој од нас, за што е потребно одговорно однесување и почитување на сообраќајните правила и прописи.

Креирано од:


Пренеси го гласот