Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски денеска го прими во официјална посета словенечкиот амбасадор Грегор Пескор.
Крстевски изрази голема благодарност за лекувањето во Словенија на повредените лица во неодамнешната трагедија, како и за сета досегашна поддршка на Кочани, истакнувајќи дека Република Словенија е наш репер во многу области на дејствување.
Амбасадорот Пескор ги нагласи можностите за учество на претстојни повици за апликации и подготвеноста Словенија да помага за различни приоритети на Кочани.
Меѓу повеќето области и надлежности на Општината, в. д. градоначалникот Крстевски ги истакна спортот и културата коишто во наредниот период треба низ различни форми да бидат што подостапни за младите – за да можат тие да се задржат на нашиве простори.
Во знак на натамошна успешна соработка Крстевски му подари на амбасадорот Пескор дрес на ФК „Осогово“.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево