Во текот на изминатите ден-два (според состојбата на телата на мртвите кучиња) во Делчево е извршен масовен помор на кучиња. Фотографиите кое се доставени до нас од страна на загрижен граѓанин се снимени денес (недела 28.07.2019 година) во утринските часови.
Телата на умртвените кучиња се веќе во распаѓање а се шири неподнослива миризба.




Како што е прикажано на фотографиите со кучињата сместени во канти за комунален отпад во непосредна близина на градските гробишта во Делчево, или фрлени во грмушки, некои поединци најверојатно се справувале со мртвите тела на кучињата што индицира организирана постапка противзаконски активности. За тоа апелираме до надлежните институции да го испитаат оваа немил настан и против одговорните да покренат соодветни постапки.
Ваквиот монструозен чин не смее да остане неказнет.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
60 годишник од Свети Николе заработи кривична пријава поради вршење јавен превоз без лиценца
Штипјанец заврши во притвор затоа што безобзирно управувал моторно возило
Градоначалник на Лозово гонет кривично за исплата на невистинито прикажани количини на бекатон во градежна книга