Скалата може да биде исто толку стара колку и самата архитектонска градба на домот, но нејзините различни видови на инкарнации продолжуваат да го заслепуваат добро назначениот и потенцијален ентериер за внатрешните работи во домот.
Добро дизајнираната скала може да биде главниот и уникатен дел на домот, нејзиниот квалитет, стил и флуидност може да го направат совршен посакуваниот впечаток.
Ретро стилот при опремувањето на домот никогаш не излегува од мода, а ни се чини дека во последно време станува уште популарен и сè почест избор за уредување на ентериерот. Ќе ви претставиме креативни начини од кои можете да ги употребите обичните дрвени скали како парчиња мебел или како дел од декорот во вашиот дом. Освен тоа што се многу евтини и нема да го оптоварат вашиот буџет, скалите ќе ви го овозможат токму оној ретро шмек на вашите простории кој отсекогаш сте го замислувале.
Еден од најчестите и наједноставни начини да ги употребите скалите во својот дом е да направите полици од нив. Тоа може да бидат полици за книги или декоративни предмети во вашата дневна соба. Може да ги прикачите на ѕидот, совршено би изгледале дури и да ги закачите на плафонот, каде може да бидат и тоа како корисни. Во кујната на нив можете да ги закачите шољите за кафе и тенџерињата.
А може да послужат и како носач за лустери и фенери во трпезаријата или на балконот.
Во бањата, ќе ги заменат скапо купените држачи за пешкири и козметички производи.
Како полица за вино, малите скали ќе внесат еден посебен шмек во вашите простории. Побарајте помош од блиска личност за да ги замените летвичките со носачи за шишиња. Погледнете ги овие прекрасни идеи, и бидете уникатни со нивната примена во вашиот дом.















СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Шарпланинците го имаат тој балкански карактер на блискост, емотивен темперамент и лојалност кон сопствениците
Си замина некогашниот Бетмен, Џим Морисон, Том Казански, Док Холидеј, Медмардиган…
Изложба „45 години ФЛУ“ на 3 април во МСУ, по повод одбележување на јубилејот на Факултетот за ликовни уметности – Скопје