Со своја репортажа Богдан Илиевски од ТВ АЛФА заедно со диреkторот на СОЗР Ивица Томовски го посетија скопскиот туристички локалитет Етно Село, кое што од 2017 година од страна на претходната власт на СДСМ и ДУИ било оставено да пропаѓа.
Во своето кажување Директорот Томовски истакна дека токму ЕТНО селото е впечатлив приказ на Македонскиот идентитет, кој што е замислен да биде ставен во функција на развој на туризмот, но по доаѓањето на претходната власт истиот бил најпрво опструиран а потоа затворен и оставен да пропаѓа.
Претходните власти додека функционирал целиот локалитет ги зголемиле цените на паркинг услуга од претходно 30 денари на 100 денари, со цел да ја опструираат работата на Етно селото, по што постојниот концесионер влегол во финансиски загуби и го напуштил објектот.
Не биле направени напори да се најде нов концесионер и едноставно на објектот бил ставен клуч и оставен да пропаѓа.
Според Директорот Томовски со затварањето на Етно селото била предизвикана финансиска штета за државата што за обезбедување на објектот а уште повеќе од негово неработење и ненаплаќање на предвидениот закуп.
Во разговорот меѓу водителот Илиевски и директорот Томовски се посочуваат сите карактеристики на овој значаен туристички локалитет и како тој може да биде ставен во функција на што интензивно работат луѓето од тимот на Директорот Томовски.
Целата рапортажа може да ја погледнете во емисијата во продолжение:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист