БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Еве зошто страдаат вистинските земјоделци и пропаѓа производството на храна: Индиции за огромен криминал со доделување од над 2,5 мил евра!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска дополнителнито заменик министер за земјоделие шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на прес конференција во јавноста изнесе сериозни индиции за сторен криминал во овој ресор од страна на Министерот Љупчо Николовски.

Станува збор за донесени програми во процедура во која едни исти луѓе вршат избор на корисници за добивање на субвенции, потоа ја следат имплементацијата а и вршат контрола за доделување на народните пари.

‼️ НИКОЛОВСКИ ГО ЗАОБИКОЛУВА ЗАКОНОТ И ДОДЕЛИЛ 2.5 МИЛИОНИ ЕВРА НАДВОР ОД ПРОЦЕДУРА ‼️

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во Република Македонија има јасно дефиниран систем за избор и исплата на финансиски средства во делот на земјоделството.

Љупчо Николовски донел програми спротивно на прописите за финансиско управување и контрола и една иста комисија е надлежна да врши избор на корисници, да ја следи имплементација и да врши контрола, односно едно исто службено лице во исто време е одговорно за одобрување, извршување и контрола на буџетското трошење на средствата што е спротивно на сите акти за финансиска контрола со што оставил простор да се влијае на начинот на распределбата на над 2.5 милиони евра народни пари.

Дополнително што е сомнително и што треба да биде предмет на истрага е зошто финансиските средства на овие програми од година во година енормно се зголемуваат па така ова значи дека Николовски имал директна можност да ги користи овие програми и исплаќања на енормни високи суми на лица блиски до него и до власта со што можел да фаворизира одредени апликанти при распределбата на средствата помеѓу земјоделците.”

-напиша на социјалните мрежи Светан Трипуновски во прилог со видеото од неговата прес конференција:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace