БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Европската комисија ќе воспостави ефективни механизми за почитување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур

Пренеси го гласот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој што имаше пред некој ден свое обраќање пред парламентарното собрание на Советот на Европа каде што во континуитет се бори за Македонските интереси на највисоко политичко ниво во Европа, синоќа имаше свое гостување во емисијата “10 Минути” на ТВ21.

Тој на почетокот од интервјуто зборуваше за механизмите врз основа на кои Бугарската држава ќе мора да ги почитува пресудите и одлуката на судот за човекови права во Стразбур кој има донесено 16 пресуди за заштита на правата на Македонците во Бугарија кои што институциите на нашиот источен сосед не сакаат да ги имплементираат.

“Константно Бугарија одбива да ги спроведе пресудите на Европскиот суд зза човекови права. Се работи за пресуди кои што се носени низ годините назад. Вкупно 15 песуди се однесуваат на МАкедонците во Бугарија, во различни делови, во деловите на правото на здружување, правото на настап на избори, правото на образование на мајчин јазик, правото на искажување на потребноста како Македонци итн. Она што беше клучно и во рамки на она што беше дискусијата е т.н. 4-ти Самит на Советот на Европа кој што треба да се случи во Рејкјавик во Исланд во тек на месец мај, каде што шефовите на држави и влади треба да ја одредат иднината на Европа и на Советот на Европа. И една од клучните работи за кои што ќе се разговаа е воспоставување на ефективен механизам со кој што пресудите на европскиот суда за човекови права ќе се применуваат од земјите членки на Советот на Европа. Затоа што многу често се случува жителите на ЕУ да отидат во Стразбур, побараат правда таму, ја добијат правдата таму и после тоа државата освен што ќе плати некоја минимална парична казна а најчесто се д 5 илјади евра одбива остатокот од пресудата да го примени. Таков е случајот со Бугарија која што е рекордер во избегнување на примена на пресуди на Европскиот суд за човекови права. Додека Русија беше член само Русија беше полош пример од Бугарија, така што мора да се најде ефективен механизам за што добив поддршка. И во заклучните согледувања од страна на претседателот на Комисијата за политички прашања и демократија на Советот на Европа, беше потенциран токму мојот говор и дека мора да се најде ефективен механизам за спроведување на овие пресуди, затоа што во случајот Македонците во Бугарија добиле во Стразбур и им е признато и правото на здружување и правото на настап на избори и правото за образование на Македонски јазик и правото да се искажуваат себеси како Македонци а Бугарија одбива да го спроведе тоа, во услови кога Бугарија за себе сака да каже дека е демократија, земја членка на Советот на Европа, на НАТО, одбива да ги спроведе пресудите на европскиот суд за човекови права.

Во месец мај ќе се воспостави ефективен механизам не само за Бугарија туку за сите земји членки на Советот на Европа за да почнат да се применуваат пресудите на европскиот суд за човекови права. Македонија тука е добар пример каде што доколку не се примени пресуда на европскиот суд за човекови права надлежниот судија кој што претходно судел по тој предмет а одбие да ја примени пресудата веднаш бива разрешен. Така што ова може да е еден механизам кој што може да се примени во сите земји членки и на тој начин судиите ќе бидат приморани да г спроведуваат овие пресуди. Но тоа што е суштински битно за мене е тоа што Бугарија континуирано одбива да ги спроведе овие пресуди, во услови кога самата продава “демократија” надвор вклучувајки и во Македонија самата одбива да спроведе 16 пресуди на европскиот суд а човекови права. На пример Македонија нема било каква пресуда за било кој припадник на национално малцинство која што не е спроведена од страна на Македонија.”

-рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој што во континуитет наназад се бори во парламентарното собрание на Советот на Европа за афирмација и одбрана на Македонските државни и национални интереси на граѓаните на Македонија.

bregalnickimarketing

Целото интервју каде што Николоски говори и за повеќе актуелни политички прашања може да го погледнете во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот