Тргнувајќи од стратешките цели и задачи на Вашите организации Ве известуваме дека е креирана првата македонска социјална мрежа Rural Market. Основен мотив кој не водеше за креирање на оваа мрежа беше скратувањето на синџирот на достапност на производите од локалниот производител до крајниот корисник, односно потрошувач.
Освен за производителите на трговските стоки и давателите на услуги, оваа мрежа е наменета и за сите организации и поединци кои работат на развој на руралните средини.
За полесно користење обезбедивме и мобилна апликација која можете да ја најдете во Play Store или да го следите линкот кој води до мобилната апликација, а се наоѓа на интернет платформата.
Повеќе информации за и околу мрежата ќе најдете на насловната страна на нашата мрежа која се наоѓа на интернет адресатаwww.ruralmarket.net или на следниот линк:https://ruralmarket.net/?lang=mk_mk
-соопштуваат од Локална Акциона Група „Беласица-Огражден“
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија, работиме за да се најдеме на мапата на светските инвеститори
Предупредување до сите што градат незаконски: Започнува строго контролирање на бесправната градба!
Тошковски од Приштина: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот, следна фаза е имплементација на граничниот премин Јажинце