БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гласање и референдум во Швајцарија (изборната кутија и нејзината важност)

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денес граѓаните во Швајцарија како што е и впрочем обичајот и традицијата, ќе гласат за повеќе иницијативи. Како што знаеме дека гласот на народот е најлегитимниот чин на демократијата во ова алпска држава, така директно на референдум тој и никој друг одлучува за својата иднина .

На федерално ниво ќе се гласа по следниве иницијативи:

  • Ограничена имиграција;
  • Купување на воени авиони ;
  • Платен одмор на татковците за новороденче ;
    -Зголемување на одбиените даночни трошкови;
  • Контрола на ловот и фауната;

За сите овие иницијативи мислењата се поделени и воглавно зависат и од медиумската кампања на предлагачот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Секако една од најинтересните и што побудува најмногу важност, е
“ контролираната имиграција “ чиј иницијатор е десно конзервативната партија УДС која се залага за поништување на договорот за слободна циркулација склучен со ЕУ во 1999 година.
Со тоа би се ограничила контролата на имиграцијата во државата и не ќе зависи од политиките на ЕУ, туку од националната стратегија . Секако дека со позитивен одговор на референдумот по тоа прашање повлекува и поништување на уште 6 вакви договори кои одат во пакет со ЕУ.

Прашањето е што се поставува дали после Брегзит на повидок ќе биде и Суисегзит поврзан со ЕУ?

Одговорот е во гласот на народот на слободни , демократски, транспарентни и не коруптивни избори и гласање .

Ниту еден парламент или влада не може да донесе одлука, која е спротивна на резултатот од секој референдум . Тоа е суштината и ср’жта на успехот и трајноста на политичкиот стабилен систем во ова држава.

Овој чин на изјаснување преку референдум и “директна демократија “ е и една од посебните одлики на швајцарскиот политички систем што го издвојува од другите европски држави и системи .

Истовремено се гласа и на кантонално ниво во Женева , каде на гласање се исто други пет иницијативи , меѓу која би ја издвоиле и “ минимум 23 франци од час “ за секој работник. Актуелно цената на трудот во овој кантон е околу 21 франак.

Секој е ковач на својата судбина!

Пишува: Драган Стоиловски

Креирано од:


Пренеси го гласот