“Додека во соседството градат, создаваат нови норми и критериуми, кај нас се оди само назад…да не говориме за Ковид центрите, за политиките на српското здравство и за промашените во нашето!?
Две години беа потребни да се видат сите разлики, сите аномалии, сите процеси…
Додека тие градеа центри како Батајница, тука се правеа бизнис зделки! Истите оние кои најмногу ќарија од ,,лименките” т.е. бараките на Брако, се знае чии, сега одредени медиуми ги дигаат и ден-денес како ,,експерти “!!Наместо да одговараат за криминалите ги дигаат како зналци од секоја област?!
Нејасно?
Па нема, ова е Македонија, или по ново… Со ВМРО – ДПМНЕ денес ќе имавме најголем Клинички центар во Штип, изграден, функционален и олабавен Скопски клинички…нејсе, до кога ќе ,,уживаме” во башибозукот на овие кои не можеа да асфалтираат ниту еден километар, а се закитија со перјата на проектите од порано?! Истиве овие кои сега практицираат власт на централно, го девастираа и уништија здравството. Еден куп починати, втори во Европа според број на население?! Протоколи за работа нема две години!! Матични лекари, стоматолози, медицински сестри, техничари, болничари…сите се излажани. Каде е покачувањето на Филипче?? Според новата минимална плата, најмалку 12% скалесто покачување ќе има ли?? Бидејќи излегува дека основицата на медицинска сестра со ССС е минималната плата?! До кога со глупав популизам и слични мерки ќе ги лажете здравствените работници? Каде е тука техничкиот персонал? Админстрацијата по болниците? Што изгради оваа Власт во здравството?
Еден проект да ми кажете, само еден??”
Пишува: Гоце Марков


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст
Средба Николоски -Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски и спроведување на суштинските реформи
Колумна на Јорданоски за Денешен.мк: Од „јазикот на мнозинската заедница“ до „достапниот јазик“, само не македонски!