Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Гоце Марков: Може ли да честитам со жилет?

За секоја генерација велиме дека треба и ќе ја спаси!?

А светот стрмоглаво оди кон едни други глобални политики, каде дискурсот е сосема различен!?

Овој датум треба да е врежан во срцата на сите Македонци, може не на оние со предзнак коси црти(///), ама нејсе и тие во тесен круг и на две-три ракии биле Македонци!?

Нашето лицемерие нема крај!

Исфирцани, дотерани џонтраволти кои потешко од лажицата немаат кренато и кои до вчера до првото вработување бесмилосно ја трошеле минималната пензија на баба и дедо сега се големи политичари, меѓу другото мафиоти, дилери, сопственици итн…

Држ се земјо со вакви политики!

А тие истите секаде- без креатива и сенс за напредок.

И додека во истата таа Европа се разговара за ласерски операции, за дронови полицајци, за наука и прогрес…(меѓудругото и за рускиот гас), кај нас разговараме за други работи, за преживување, за питање и просење од соседите, и тоа: вакцини, масло за јадење, пченица за лебот, струја за зимата итн…

И вие ми велите дека ова е нормално??

Ова ли е Вашата нормалност во Вашата земја??

И веќе никој не разговара тука за стручност, за подготвеност, за организираност, за нови надежи и за откритија!

Кога сме кај откритијата, Фондот за иновации ни откри се што требаше да знаеме за оваа Ваша земја и држава.

Бидејќи наша е само Македонија.

А Вие Г-да и се срамите од името.

Е затоа драги мои, ние не живееме во иста држава иако сме први соседи во зграда, куќите ни се лепенки, прозорците ни судираат погледи…затоа ние не се познаваме воопшто.

Затоа имаме биполарно општество каде сите се во право на различен начин а државата тоне во двоцифрена инфлација со исти плати од пред десет години.

Затоа ќе биде зимата тешка, затоа.

И да, ќе заборавев…

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ОСМИ СЕПТЕВМРИ!!

Ние сме тука, а народот чека.

Пишува: Гоце Марков

Креирано од: