Посетата на Македонија од страна на светски познатиот и еден од најзначајните вокални тенори на денешницата пејачот Пласидо Доминго е можеби еден од најзначајните настани од областа на културата за оваа година за нашата држава.
Тенорот со светска слава Пласидо Доминго оствари средба со премиерот Мицкоски и министерот Љутков со кои што поразговараа за афирмација на музиката вооопшто.
“Пласидо Доминго, шпанскиот тенор со светска слава синоќа имаше прием во Владата каде што беше пречекан од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Доминго во Скопје ќе настапи вечерва во 21:00 часот во салата „Борис Трајковски“ заедно со оркестарот на Националната опера и балет и италијанската сопранистка Марија Жосе Сири, а ќе диригира Жорди Бернасер од Шпанија.”
-информираа од Министерството за култура и туризам во врска со оваа средба.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина