После повеќе од цела година безгласност во јавноста членовите на ОО СДСМ Делчево почнаа да покажуваат смисла за свое постоење во пресрет на локалните избори.
Општинската организација на СДСМ во Делчево со години ја нема во јавноста да изнесе свој политички став во врска со проблемите на граѓаните за чие што решавање беа задолжени нивните функционери во локалната власт во Делчево, за сега на неколку месеци пред изборите повторно да излезат во јавност со цел да ја бараат поддршката за глас повеќе на локалните избори.
“Успешна општинската конференција за избор на Претседател, Извршен и Надзорен одбор. Честитки до ново избраното раководство и претседателот Горан Димитровски,”
-напишаа од СДСМ во кратко соопштение на социјалните мрежи споделувајки мноштво фотографии од атмосферата на вчерашната седница на Општинската организација на СДСМ во Делчево.
Така делчевчани имаа можност на едно место да ги видат партиските функционери на СДСМ кои се уште се на високи извршни функции во локалните институции во Делчево на чело со актуелниот градоначалник Горан Трајковски.
Можеби нема доволно одговори во јавноста за многу прашања поврзани со проблемите на граѓаните во Делчево, но време и посветеност на овие функционери на партиските органи на СДСМ има. И тоа во рок од само неколку денови по првичната блиц посета на Венко Филипче на Делчево пред само неколку денови.
СДСМ се во исклучително тешка состојба да прикажат атмосферата на заедништво и сплотеност помеѓу екстремно раскараните страни на партиско членство на СДСМ во Делчево кое кубури со бројки а уште повеќе има проблем со свежи идеи за подобрување на состојбите за граѓаните во Делчево. Бруталната партизација на локалните институции со партиски кадри на СДСМ во Делчево го зеде својот данок а речиси сите локални институции каде се уште на чело стојат ваквите партиски кадри на СДСМ во Делчево се со исклучителни проблеми во своето работење. Состојбата е најалармантна во можеби најзначајната локални институција ЈКП “Брегалница” Делчево чиј што директор го нема во јавност да предложи а уште помалку да реализира било какво решение за редица проблеми од негова надлежност. Но за седење во претпоследниот ред на седницата на ОО СДСМ Делчево секако мора да има време, затоа што тоа е органот кој што него го предложил за да биде избран на директорската функција.
Иако ВМРО-ДПМНЕ пред речиси еден месец го обзнани својот кандидат за градоначалник на Делчево, во СДСМ се чини дека мака мачат да убедат некој од своите функционери да се кандидира од нивните редови за градоначалничката функција за наредните 4 години. Рејтингот и бројките не се на страната на СДСМ после 8 годишното владеење на актуелниот градоначалник на Делчево Горан Трајковски, а кај граѓаните е присутен замор од владеењето на СДСМ во Делчево пред се поради големиот број натрупани а нерешени проблеми речиси во сите сфери на локалното живеење на делчевчани.
Исто така при неговата прва посета пред неколку денови Претседателот на СДСМ Венко Филипче успеа на една фотографија покрај себе да ги стави поранешниот и актуелниот претседател на ОО СДСМ Делчево, како и актуелниот градоначалник, иако политичките секири на меѓусебна неподносливост е одамна карактеристика за овие политички фигури кои беа алфа и омега во последните 7-8 години на јавната сцена во Делчево.
Токму меѓусебната неподносливост и лични конфликти во редовите на СДСМ е основна причина за нивната катастрофална состојба во која се наоѓаат како политичка гарнитура, а на ваквата состојба сериозен удар задава и структурирањето на ЗНАМ во Делчево како посебен политички субјект произлезен токму како незадоволство од актуелните политики на СДСМ.
И во такви услови обидите за подигање на атмосфера помеѓу партиското членство на СДСМ во Делчево од страна на Венко Филипче се повеќе од наивни во пресрет на локалните избори само и единствено во функција на одржување на некаква симболична кохерентност помеѓу партиското членство.
Предавствата на јавна сцена, институционалниот грабеж и груба партизација на администрацијата што ги спроведе СДСМ во државата во огромна мера се камен околу вратот и причина за спротивставување на граѓаните на нивните политики, а мнозинството Македонци со право побараа промени на таквите политики на СДСМ на минатогодишните Парламентарни избори, чии што енергија и резултати согласно мерењата на рејтингот ќе се преслика и на локалните озбори кон втората половина од годинава.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип