БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Macedonian Content Farmers Podcast: Бугарски силеџии

Пренеси го гласот

Бугарската влада – и водечки тамошни медиуми – повторно се навраќаат на своите стари трикови, и се однесуваат силеџиски кон Македонија и Македонците.

Што им е проблемот сега? Го спорат клучниот извештај за напредокот во интеграцијата во ЕУ чиј автор, австрискиот европратеник Томас Вајц, го спомна македонскиот идентитет и јазик. Извештајот требаше да се гласа во Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент на 4 јуни, но беше одложен за 24 јуни бидејќи сите бугарски пратеници гласа да против него.

Барањето на бугарските силеџии? Да се вметне амандман на извештајот со кој се бара да се стави зборчето „сегашен“ секаде зборовите македонски „идентитет“ или „јазик“. Ова барање го постави бугарскиот европратеник Ивајло Валчев, кој исто така, според бугарските медиуми, „побара пред 24 јуни да се свика уште еден состанок за да се разјаснат чувствителните прашања во врска со документот“. Со други зборови, тој и другите бугарски европратеници имаат потреба од повеќе време за да подготват дополнителни напади против Македонија.
Лесно е да се најде мноштво придавки за да се опише нивното однесување: освен грубо, можеме да кажеме и детско, грабливо, измамничко и така натаму. Мене ми се допаѓа зборот бандитско. Затоа што се однесуваат како бандити.
Целта на сегашните – и минатите – бугарски влади и медиумите (ако не и безмалку целото општество) е да ги избришат Македонците преку негирање на идентитетот, јазикот, културата и историјата на Македонците, меѓу другото.
Погледнете го овој наслов од бугарскиот медиум Новините: „Зад затворени врати: Како бугарскиот притисок го потресе патот на Северна Македонија кон ЕУ“. Тие буквално се фалат со тоа.

Или разгледајте ја оваа статија од друг бугарски медиум, EUAlive, кој е основан од бугарскиот новинар Георги Готев. Во неа, Готев се труди намерно да ги оцрни Македонците етикетирајќи го народот и сè што едноставно треба да биде македонско, како „Северно Македонско“. Во само еден текст Готев пишува:
„…со северно македонските функционери…“
„…дека северно македонските актери…“
„…осум северно македонски пратеници…“
„…со северно македонски функционери…“

Вреди да се напомене што Готев навистина мисли за Македонците. Во твит од 19 март 2019 година, за кој веројатно не се кае што го напишал, тој рече дека „Северните Македонци постојат откако Југославија ги измислила“. Готев има долг историјат на напаѓање на Македонија, напаѓање на Македонците, негирање на македонскиот идентитет и друго. А сепак, тој се претставува како таканаречен „новинар“.

Целиот овој „сегашен“ бес на Бугарите е дел од нивното барање Македонија да го измени својот устав за да ги впише Бугарите како државотворен народ во преамбулата пред Македонија да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ. Бугарите само ги следат своите пријатели Грци во 1) наметнување на билатерални прашања како дел од процесот на пристапување во ЕУ (што е погрешно), 2) држење на Македонија и Македонците како заложници на нивните барања и 3) обид за бришење на Македонија, Македонците и сè што е Македонско, вклучувајќи го и идентитетот и јазикот. Вреди да се напомене дека овој процес трае откако Македонија прогласи независност од Југославија во 1991 година.

Целиот текст на Бугарски силеџии – Macedonian Content Farmers Podcast

Креирано од:


Пренеси го гласот