Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување, Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Виница, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година, општина Виница објавува јавни повици Бр.10-611/11 https://vinica.gov.mk/index.php/14-javen-povik/371-10-611-11 и Бр.10-612/11 https://vinica.gov.mk/index.php/14-javen-povik/372-10-612-11 за евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата општинско-корисна работа.
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување-Центар за вработување Виница во периодот од 03.06.2022 година до 13.06.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот. Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Виница и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Виница кај лицето Даниела Јаковлеска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“ и во Агенција за вработување-Центар за вработување Виница.
Извор: Општина Виница


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани
Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“
Кривична пријава против поранешна директорка на Јавната Здравствена Установа “Гоце Делчев” Делчево