Во рамки на денешниот ден Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов присуствуваше на свечената седница за доделување на уверенијата на советниците од новиот состав на Советот на општина Штип.
При тоа тој посака успешна работа и плодна соработка во интерес на граѓаните на Штип.
“Денес, присуствував на свечената седница на Општинската Изборна Комисија, на која беа врачени уверенијата на сите советници во новиот состав на Советот на Општина Штип.Им посакувам успешна работа и се надевам на плодна соработка, преку која ќе успееме да го подобриме животот во нашиот град!”
-напиша Градоначалникот Јорданов на својата фејсбук страница.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи