БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски обезбеди донација за ФК “Брегалница” Делчево и сите љубители на фудбалот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градскиот стадион ќе добие нов поуреден и пофункционален изглед благодарение на донацијата од 1.180 столчиња од Фудбалската федерација на Македонија.

Оваа донација е дел од пошироката иницијатива на ФФМ за подобрување на условите на фудбалските стадиони низ државата, со цел да се унапреди спортската инфраструктура и да се обезбедат подобри услови за фудбалерите, навивачите, но и за организирањето спортски натпревари.

Донацијата ја прими градоначалникот Гоцевски кој истакна дека со овој чин се продолжува со унапредување на спортската инфраструктура во Делчево.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

” Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево добива комплетно нов лик!

Со големо задоволство денес, како градоначалник на Општина Делчево, ја примив донацијата од 1 180 столчиња од Фудбалската федерација на Македонија, со што значително ќе се подобрат инфраструктурата и условите на нашиот градски стадион.

Оваа донација претставува уште еден важен чекор кон создавање подобри услови за спортистите, спортските клубови и сите љубители на спортот во Делчево.

Упатувам искрена благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до нејзиниот претседател, Масар Омерагиќ, за поддршката и препознавањето на потребите на нашата општина.

Продолжуваме да инвестираме во спортската инфраструктура и да создаваме подобри услови за развој на спортот и младите во Делчево.

#Делчево #Спорт#Инвестиции #ЗаПодоброДелчево #ФФМ“, напиша на социјалните мрежи во врска со оваа донација Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски.

Тој упати искрена благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до нејзиниот претседател Масар Омерагиќ, за поддршката и препознавањето на потребите на општината.

Гоцевски најави дека инвестициите во спортската инфраструктура ќе продолжат и во наредниот период, со цел создавање подобри услови за развој на спортот и активен живот на младите во Делчево.

Монтажата на столчињата ќе се реализира наредниот период со што значително ќе се подобрат условите на трибините на градскиот стадион. Оваа инвестиција претставува уште еден чекор кон создавање современ и функционален спортски објект, достоен за фудбалските клубови, младите спортисти и бројните љубители на спортските навивачи на ФК „Брегалница“ Делчево и спортските фанови.

Креирано од:


Пренеси го гласот