Покриви кои летаат на посилни ветрови, поплави од поројни дождови, свлекување на земјиште, дивоградби и неконтролирана урбанизација се наша реалност во која живееме.
Овие случувања се аларм кој ги откриваат институционалните слабостите и деградирањето на квалитетот на градба и непочитувањето на стандардите во градежниот сектор.
Крајно време е да се преземат конкретни чекори за решавање на овие проблеми!
Мора да почнеме да градиме поодговорно и постручно. Време е инженерството, стандардите и струката повторно да бидат приоритет. Безбедноста на граѓаните нема алтернатива.
Затоа Градежниот факултет Скопје на иницијатива на деканот проф. Јосиф Јосифовски ќе состави работна група од експерти за проценка на ризиците од природниот катастрофи која ќе има за задача во светло на најновите збиднувања и актуелните климатските промени да предложи мерки за делување и контрола на градбите.
#Градежништво#Инженерство#Безбедност#Урбанизам#Стандарди#ГФ
-фејсбук коментар на Деканот на Градежниот факултет- Скопје Јосиф Јосифовски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“