Во текот на денешниот ден беше потпишан Договорот за финансирање на проектот за санација на армирано-бетонскиот мост на реката Брегалница кој што е од огромна потреба на жителите на селото Долни Балван но и останатите граѓани кои гравитураат кон овој дел од државата.
Реализацијата на проектот е предвидено да трае до крајот на тековната година до кога треба да бидат инвестирани финансиските сретства обезбедени за оваа намена.
“Денес во Министерството за локална самоуправа склучивме договор за финансирање на проектот за санација на мостот кај село Долни Балван на река Брегалница.
Обезбедивме 5.800.000 денари по програмата за намалување на диспаритетите, а остатокот од парите со кофинансирање од Општина Карбинци.
Веднаш започнуваме со тендерската постапка за избор на изведувач и некаде на почетокот на месец септември со започнување на санација.
Крајниот рок за завршување е средината на месец декември.”
-информираше денеска градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи