БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Хибридниот режим удри по Наќе Чулев. Целта е да се застрашат останатите неистомисленици со власта

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кога хиената е пред совладување од страна на посилниот противник таа во очај гребе и каса без контрола каде што ќе стигне!

Деновите на владеење на актуелната ненародна власт на СДСМ, ДУИ, ДОМ, ДС, ЛДП… се одбројани. Па така заведени од сопствениот животински инстинкт на животно пред угинување спроведуваат одмазднички мерки врз своите неистомисленици.

Поранешниот министер за Внатрешни работи, врвен професионалец и интелектуалец во сверата на безбедноста Наќе Чулев е отстранет од безбедносниот систем на државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Кои се соецифичните мотиви за ваквата постапка на актуелните органи во МВР предводени од Оливер Спасовски во продолжени го пренесуваме низ реакцијата на самиот Наќе Чулев упатена до јавноста:

“Тоа што за сите нас е патриотизам за оваа предавничка власт е екстремизам и радикализам.

Хибридниот режим предводен од СДСМ со сета сила ја уништува државата, удира по професионалците, се обидува да ги демотивира патриотите и ги партизира институциите. По повеќе од 25 години поминати во служба на татковината и граѓаните на Македонија, не по моја вина, на мое жалење повеќе не сум дел од безбедносниот систем.

Криминалниот режим кој ја предводи власта и за жал ја води државата со сета сила удри и по мене и по мојот професионален интегритет.

Јас сум човек – професионалец кој својата кариера ја градел чекор по чекор, почнувајќи од најниското скалило во службата. Сите овие години бев во првите редови на одбраната на уставниот поредок, територијалниот суверенитет и интегритет и безбедноста и интересите на Македонија. Ја сакам државата и придонесував за неа. Учествував и во многу операции за поддршка на меѓународната безбедност за што имам добиено награди и признанија како од неколку поранешни директори на матичната институција и претседателот на државата, така и од меѓународни партнери.

Тоа што за сите нас е патриотизам и љубов кон татковината, оваа предавничка власт сега го стигматизира како македонски екстремизам и радикализам, а македонските патриоти, преку креирање на перфиден систем на лажни и фабрикувани информации континуирано ги елиминира од безбедносниот систем. На тој начин, смислено и со план ги ослабнуваат капацитетите на државата и ја доведуваат во подредена положба.

Во изминатиот период во неколку наврати испратив јасна порака и денес повторно и недвосмислено повторно го правам тоа. Политичкиот прогон, сите притисоци, закани и уцени кон мене и другите припадници на безбедносната заедница нема да вродат со плод. Ние и понатаму ќе бидеме со полн капацитет во одбрана на Македонија и македонските интереси, а сите оние кои постапуваат незаконски ќе одговараат за тоа пред надлежните институции.

Јас и понатаму ќе бидат истиот Наќе Чулев – човекот кој неизмерно ја сака својата држава и професионално ќе придонесува за нејзиниот напредок и развој.

Нека ни е вечна Македонија.”

-соопшти поранешниот Министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace