Градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски денеска во јавноста упати свое соопштение во кое се вели дека безрезервно застанува на страната на вработените во ЕЛС Лозово, детската градинка и основното општинско училиште во Лозово во нивниот протест за остварување на нивните заслужени права за повисок стандард.
“Јас како Градоначалник на Општина Лозово, во целост ги поддржувам и охрабрувам вработените во нашата општина, Детската градинка и Основното училиште, да го искористат своето право на протест!!
Нема да дозволам никој да им врши притисок, да им се заканува и уценува!!Тие мора да го добијат заслуженото и тоа што им следува,во спротивно ќе се создаде фрустрација и дечињата во градинките нема да ја добијат заслужената нега, а учениците од основното и средното образование нема да го добијат квалитетот кој што го заслужуваат.
Владата треба да размисли сериозно и да им овозможи повисок и достоинствен стандард!!
п.с. При секоја битка,НАЈВАЖНО е да се ИЗБЕРЕ ВИСТИНСКАТА СТРАНА!! Јас ја ИЗБРАВ МОЈАТА!!”
-соопшти Бошко Цветковски- Градоначалник на општина Лозово.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани
Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“
Кривична пријава против поранешна директорка на Јавната Здравствена Установа “Гоце Делчев” Делчево