Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов заедно со советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот Совет, вечерва остварија средби со жителите на некколку урбани заедници во градот.
На средбата се разговарало за приоритетните проекти за реализација за наредната 2023 година кои што ќе се најдат во рамки на Буџетот кој што треба општинскиот совет да го донесе до крај на оваа календарска година.
“Реализирана средба со дел од жителите на Урбаните заедници Васил Доганџиски, Ново Село и 8 ми Ноември.
Граѓаните оваа година ја препознаа посветеноста и реализацијата на проектите, благодариме на сите за интересот и добрите предлози, кои ќе бидат дел од буџетот на Општина Штип за 2023 и реализирани
“
-информираа во јавноста од состанокот.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Започна регистрацијата за обуката „AI4HerWellbeing“ – спој на вештачка интелигенција и благосостојба за жени во Кочани
36 годишен жител на делчевското селo Габрово го нарушувал јавниот ред и мир во кафеана а потоа физички нападнал полицаец
29 годишен жител од Кочани физички ја нападнат неговата сопруга