БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Врие во кочанското МВР: Четворица колеги суспендирани за краток рок и со кривичен прогон со преувеличена правна квалификација

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигна сооштение со кое се алармира за состојбата во полициската станица во Кочани. Имено во соопштението станува збор за директни кривични пријави за четворица полицајци кои ги добиле покрај суспензијата за краток временски период за настани за кои како што се вели во соопштението е преувеличена правната квалификација.

Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст на соопштението кое ни беше доставено:

‼️АЛАРМ СООПШТЕНИЕ ‼️

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Состојбата во Кочани алармантна.

Се работи за атак врз наши колеги.

Навала од директни кривични пријави кон 4 колеги и суспендирања за краток временски период за настани за кои е преувеличана правната квалификација до максимум, односно се работи за пропуст при собраќајни контроли и примена на захват при приведување за кои што во нормална правна држава се завршува само на дисциплинска и еве неколку колеги се веќе од денеска избркани дома.

Искомуницирано со синдикалните претставници кај што членуваат (МПС не го ни спомнувам пошто за мене се антиполициска структура) и се размислува за ПРОТЕСТ дали пред ПС Кочани или Скопје и истите ни потврдија безрезервно поддршка, а на кој ќе биде прифатена и поддршка и од локалното население и за истото ќе ги интензивираме контактите во Кочани со посета и на колегите и локалното граѓанство, во ист стил како што се изведе во Битола за Гоце.

Годинава само 2022 околу стотина до сто и пеесет наши колеги самоиницијативно ја напуштија службава ради тортури.

Да се работи за изолиран случај и така и така, но ова е веќе појава за која се надеваме дека ќе го свртиме вниманието и на раководството во Министерството и на граѓаните и Градоначалникот на Кочани.

Колегите се изгорени и во тешка финансиска состојба и бараат правна помош и КОЛЕГИЈАЛНОСТ и СОЛИДАРИЗИРАЊЕ од сите нас.

Не само ФБ помош туку и директна.

Координацијата во Независен Синдикат на Полицијата е веќе започната.
Сите заинтересирани од групава ќе ги замолам да ми ни се обратат или кај мене или кај Vladimir Dimovski во инбокс или телефонски за сите понатамошни активности.
✊КОЛЕГИЈАЛНОСТ ЗА КОЧАНИ✊
➡️Денес е Кочани, утре си 👉 ТИ‼️

-стои во соопштението упатено до јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace