Во изминатите години на владеење на СДСМ и ДУИ на Македонските граѓани им се случија тешки и катастрофални премрежја, несреќи и состојби со смртни исходи и тоа од пошироки размери.
Само како резултат на несреќи на јавни објекти/дејности за чија што работа/функционирање се одговорни институците на државата, загинаа голем број на луѓе.
15 жртви во модуларната болница во Тетово !
45 жртви во автобус на Беса Транс !
16 жртви во автобус на Дурмо Турс !
Дополнително ако се земе предвид бројката на смртност за време на пандемијата и смртноста поради нефункционалноста на здравствениот систем, тогаш морталитетот во државата руши рекорди во оваа сфера.
Ова се бројки кои што сведочат за катастрофалните состојби на Македонија како држава во целост во изминатите неколку години во времето на владеење на СДСМ и ДУИ, што не било случај претходно.
Корумпираниот судско-обвинителски систем не резулира со соодветна одговорност за причинетити смртни последици а политичка одговорност во вакви услови е само мисловна именка.
Додека Македонија се гуши и распаѓа по сите основи како резултат на немањето одговорност за ништо во државата (со исклучок на ситни граѓански случаи) во соседна Грција Министерот за транспорт по железничката несреќа во која животот го загубија 36 патници веднаш поднесе оставка на функцијата.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нема откажување: Петиција за Враќање на уставното име Македонија
САД ќе останат во НАТО, но мора да бидат „посилни“, им порача Марко Рубио на своите 31 колеги
Кина е подготвена за војна со САД