БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

И шарпланинецот доживеа дискредитација од МЗШВ: Намалена поддршката за сортни Шарпланинци за 2022 година

ÙX

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2022 година во делот на Директни плаќања оваа година поддршката на Министерството за шумарство и водостопанство за одгледување на стопанско корисно куче Шарпланинец и овчарско куче Караман изнесува 2000 денари.

Со тоа за тековната 2022 година извршено е намалување на износот на субвенции за цели 1000 денари по оваа мерка од 3000 денари по грло шарпланинец/караман колку што се доделуваа до минатата година на 2000 денари во годинешната програма за 2022 година.

Ваквото намалување на поддршката од 3000 денари на 2000 денари која што и онака беше симболична за одгледување на сортен шарпланинец т.е. караман сигурно ќе се одрази негативно на и онака малиот фонд на шарпланинци/карамани во државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Шарпланинецот е автохтона сорта на куче кој се одликува со многу благородни карактеристики и е значаен за нашата држава на ниво на идентитетска препознатливост. Шарпланинецот е носител на грбот на монетарната единица и е вгравиран на монетата со номинална вредност од 1 денар.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои одгледуваат овци и кози, кои поседуваат најмалку 50 грла овци и/или кози евидентирани во Регистарот на овци и кози, и се сопственици на педигрирани кучиња од расата Шарпланинец и Караман на кои е извршена идентификација со микрочип на денот на поднесување на барањето,

Максимален број е седум пријавени кучиња по земјоделско стопанство.

Извадок од

УРЕДБА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА, КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2022 ГОДИНА

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace