Откако претходно беа утврдени како неопходни и приоритетни денеска во Македонска Каменица се започна со реализација на повеќе активности на барање на жителите на селото Тодоровци.
“Во пресрет на барањата на граѓаните и увидот извршен во текот на минатата недела, ЈП Камена Река денеска започна со поставување на пропусти за атмосферско одводнување и премостување со заштита на дел од постоечката водоводна линија во село Тодоровци.
Исто така, овие градежни подготвителни активности се во функција за непречена изградба на нова патна инфраструктура до маало Албанци.”
-соопштија за јавноста од Јавното Претпријатие Камена река од Македонска Каменица.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нов динамичен концепт за развој на туризмот во Делчево: Градоначалникот Гоцевски најави формирање на Совет за развој на туризмот
„Шпански денови на вкусот“ – кочански ориз зготвен по шпански рецепти
16 годишник од Кочани со мотоцикл удрил во 74 годишна жена