Нов тренд е присутен во јавноста поврзан со појавата на коронавирусот кој го зафати речиси целиот свет.
Дел од целава оваа ситуација на аларм во јавноста е и прашањето дали доколку сте носител на Коронавирусот, тоа треба да го споделите со блиските или пошироката јавност и доколку одлучите тоа да го направите на кој начин би било тоа соодветно.
Во светски рамки Актерот Том Хенкс заедно со својата сопруга Рита Вилсон први тоа го направија кога своевремено по малку и шокантно на социјалните мрежи соопштија пред целата светска јавност дека кај нив е дијагностицирана зараза со Ковит- 19 за време на нивниот претстој во Австралија.
По него следуваа јавни признанија дури и во вид на видео обраќања од страна на повеќе славни личности во светот.
Како што расте бројот на заболени случаи во светски рамки, со огромна веројатност уште поголем број на луѓе дека ќе бидат изложени на влијанието на оваа високопренослива зараза се покренува и прашањето: Дали има најдобар начин тоа да се соопшти во јавноста и кој се има право да знае за оваа лична состојба.
Најкраткиот одговор на ова прашање е: Комплицирано е!
“Сите овие етички и морални одлуки во спрега со вашите општественни должности се специфични за определен контекст”,
-соопштува Моника Шох- Спана ( Monica Schoch-Spana ) која што е медицински антрополог и постар студент на Центарот за безбедност на здравјето “Џон Хопкинс”.
Во време на пандемија, прашањата на безбедноста на приватноста мора да бидат балансирани со фокус да се заштитат другите, но сепак оваа равенка е под влијание на безброј индивидуални променливи параметри.
Дали живеете во повеќегенерациски дом? Дали сте сопственик на фирма која што има одговорност пред повеќе акционери?Дали сте дел од околина каде што има изречни наредби на надлежните за самоизолација?
Без разлика на се постои добра причина да им го соопштите фактот дека сте носител на Ковит-19 барем на една група на луѓе: оние со кои сте во близок контакт секој ден, вклучувајки ја вашата фамилија, партнер, цимери…
Секој со кој што живеете заедно во исти простории има право да ја знае вашата состојба доколку сте носител на Коронавирусот,
-вели Стјуард Фајндер ( Stuart Finder) кој што е директор на Центарот за здравствена етика при Медицинскиот центар ” Cedars-Sinai “. Ова е важно за овие луѓе околу вас затоа што е потребно и тие да останат во карантин исто така.
Тимоти Брувер ( Timothy Brewer ), професор на UCLA универзитетот, теренско училиште за јавно здравје, го дава примерот на заразано лице со Ковит- 19 кое што има близок контакт со неговите повозрасни родители. доколку еден од родителите манифестира треска, тој треба да соопшти на соодветниот провајдер на здравствени услуги дека бил во близок контакт со заразено лице и оваа информација би била особено вредна, специфично поради состојбата со недостиг на тестови за тестирање на присуството на вирусот.
Лабараторијата која што го извршила тестирањето и ги утврдила позитивните наоди притоа ќе ги алармира здравствените власти кои ќе започнат мапирање на останати потенцијално заразени поединци.
Тоа е од суштинско значење за способноста да се следи ширењето на заразата,
-соопштува Брувер.
Извор: Тајм.ком