Денеска кога го празнуваме Свети Трифун, заштитник на лозарите се исплатија 315.745.324,00 денари кон 11.689 лица.
Исплатата се однесува за подмерката 1.11 за остварено производство на грозје.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го предале во регистриран откупувач, вклучително и произведеното грозје за сопствениот преработувачки капацитет или производството го користеле за сопствено потреби и продажба на пазар.
Висината на директните плаќања се зголемува за 8.400 денари по хектар во однос на утврдената висина на директните плаќања од подмерката 1.11.
Грижата за земјоделците продолжува и понатаму.
-соопштение на Влада упатено до јавност
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Организиран настан за снимање спот со над 300 возила кои турирале со моторите. Полицијата реагирала експресно и ги растерала присутните
Македонија 7 дена ќе тагува по своите ангели кои заминаа на небесата
Осум повредени од пожарот во Кочани примени во „Пирогов“ во Софија, нивната состојба е тешка