Кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски во својата предизборна програма најавува минимум загарантирана поддршка за граѓански организации, спортски клубови и младински организации во наредниот 4 годишен мандат од Буџетот на оштина Делчево.
“Општина Делчево ќе биде извор на стабилна функционалност на секоја квалитетна граѓанска иницијатива.
Нашите граѓански активисти, нашите млади добиваат свој минимален загарантиран буџет во рамки на реализацијата на Годишната програма на градоначалникот во наредните 4 години.
Граѓанските организации и спортските клубови добиваат минимум 0.2% финансии од буџетот на општина Делчево за нивни базични функционални трошоци;
Младинскиот совет и други младински организации добиваат минимум 0.1% финансии од Буџетот на општина Делчево за воспоставување основа за нивна функционалност.”
-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември