БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Гоцевски: Владата предводена од Премиерот Мицкоски се грижи за сите општини подеднакво- Делчево веќе доби над 35 милиони денари за реализација за 2025 година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собетот на општина Делчево Иван Гоцевски во своето гостување во емисијата “Што мисли народот” која се емитуваше на програмата на Телевизија Стар зборуваше за повеќе актуелни теми од интерес на граѓаните на Делчево.

На почетокот од емисијата Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево Иван Гоцевски зборуваше за работата на делчевскиот совет каде што тој и другите советници од локалната опозиција се максимално конструктивни во носењето на Одлуки кои што значат реализација на проект повеќе во интерес за подобрување на живеачката за граѓаните на Делчево.

“Ние како Советничка група сме конструктивни во размислувањата на Советот на општина Делчево. Даваме наши сугестии и идеи како да ги подобриме самите програми.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На последната седница на Советот на општина Делчево имавме точка за усвојување на Извештај за реализација на изградба, реконструкција, одржување и рехабилитација на патишта. Таму можам да кажем дека ситуацијата е доста загрижувачка т.е. имаме многу слаба реализација- имаме Извештај кој што е само две страни. Тоа беше забелешка од сите советници во Советот на општина Делчево кои што се 15 на број. Општина Делчево има реализација од само 17,5 милиони денари во овој дел. Тогаш ја наметнавме потребата за поголема финансиска поддршка за 2025 година. Јас како координатор на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ истакнав дека ќе ги видиме бенефитите од тоа како Владата на Република Македонија предводена од Премиерот Христијан Мицкоски се грижи за сите општини подеднакво. Преку повикот на Министерството за Локална самоуправа веќе има најава за преку 35 милиони денари сретства кои што општина Делчево ги има аплицирано и ги има добиено по повикот и истите тие треба да се реализираат веќе во програмата за 2025 година.”

-рече Иван Гоцевски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево во своето гостување на програмата на ТВ СТАР.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace