1085! Аплауз и благодарност до Филипче.👏
👏Аплауз и благодарност затоа што на штипјани им остави руина од болница наместо модерен клинички центар и тоа во услови на пандемија.
👏Аплауз и благодарност затоа што вети бесплатно здравство за секој, а денес нема ниту слободен термин за преглед и тестирање. Тестови по три пати поскапи цени и недостаток на лаборатории.
👏Аплауз и благодарност до Филипче затоа што додека тој гради приватни згради, во Штип пациентите се загушуваат поради недостаток од боци за кислород.
👏Аплауз и благодарност до Филипче затоа што тој додека купува возила на сопругата со една плата нормално, медицинскиот персонал моли и сам се снаоѓа за основна медицинска опрема.
👏Аплауз и благодарност за Филипче за неспособните кадри кои ги има поставено да раководат со институциите.
Денес има 1085 причини за аплауз за министерот за зараза. Денес има 1085 причини за оставка на Филипче и неговите кадри. И да, ајде сите на тераса и аплауз за неспособноста и дволичноста на Филипче.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“