Во контекст на актуелната кризна ситуација со која се засегнати сите граѓани во Република Македонија и предлог мерките за превенција и заштита од негативното влијание на пандемијата со корона вирусот кои што од врвот на опозициската партија ги афирмираа во изминатите денови а за чија имплементација остануваат глуви властите во државата, во јавноста со своја реакција се обрати и Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип Иан Јорданов.
Неговата реакција ја пренесуваме во продолжене во целост:
“Почитувани,
Текстилно – кожарската индустрија како доминантен индустриски сектор во Општина Штип со над 8000 вработени заслужува посебно внимание и антикризни мерки.
Со оглед на природата на работата, работните услови кои предвидуваат и по 300 луѓе во една просторија на минимално растојание и превоз во спротивност на препораките за заштита, овие компании може да се претворат во вистинско жариште.
Бараме итно Општина Штип да иницира до Владата на Република Македонија преземање на антикризни мерки кои ќе се однесуваат конкретно на овој сектор и ќе ги заштитат заедно и работниците, и на работодавачите.
ВМРО ДПМНЕ како политичка партија веќе предложи низа на антикризни мерки за финансиска поддршка на компаниите како истите би успеале да ги одржат своите бизниси во овој критичен период.
Тие се познати на јавноста и предлагаме истите да бидат прифатени.
– Замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот.
– Замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот.
– Државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот во висина од 50-тина проценти.
– Итно враќање на сето заостанато ДДВ кон компаниите кое што државата им го должи на компаниите.
Од суштинско значење во овој период е текстилните фабрики времено да престанат со работа и вработените во целост да бидат заштитени, или во ургентни случаи работата да биде реорганизирана во повеќе смени во помали групи, просторна оддалеченост на вработените и соодветен транспорт во помали групи.
Почитувани, предизвикот е голем.
Сплотено и заеднички со навремени мерки да спречиме ескалација на состојбата со вирусот и евентуален колапс на најголемите носители на вработеноста во регионот.”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево