Денес на партиска прес конференција претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Штип, Иван Јорданов обелодени дека поради партиски реванжизам од страна на СДСМ од работа биле избркани над сто лица.
– Очигледно е дека реформите кои ќе се случат во администрацијата и за кои постојано зборува СДС, не подразбираат системски промени кои ќе се базираат на искуство и долгогодишна работа, туку само селекција и елиминација на неистомисленици на партијата на власт. Имено, проектите и делата не се врвни приоритети на локалната власт, туку отпуштање на кадарот кој долги години работи во локалната самоуправа, училиштата и градинките и на тоа место, вработување на кадарот на партијата на влас, истакна Јорданов.
Тој уште додаде дека за апсурдот да биде поголем овие лица се избракни од работа пред Новогодишните и Божиќните празници, со што овие лица празниците ќе ги дочекаат во очај и незадоволство. Јорданов уште додаде „Дали девизата на Зоран Заев – „ќе јадеме живи луѓе“ се претвора во водилка при работата на оваа партија? Повеќе од јасно е дека таканаречениот животот кој дојде е живот само за неколку фамилии во СДС


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани
Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“
Кривична пријава против поранешна директорка на Јавната Здравствена Установа “Гоце Делчев” Делчево