БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јапонската амбасадорка Ханада ја посети Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Јапонските графики од т.н. Лебдечки свет биле главниот виновник за првичната посета и средба на општина Виница со Јапонската амбасадорка Ханада. Како почесен гостин во рамките на отварањето на изложбата на УКИЈОЕ уметници во организација на Музеј “Теракота“. Амбасадорката имаше и официјална средба со градоначалникот Димитров. Во врска со нејзината посета на општината , тој изјавил: “Денес имавме убава и ретка можност да се запознаеме со еден сегмент од јапонската култура, но и да ја продлабочиме соработката со јапонската амбасада.

Разговаравме за аплицираните проекти од наша страна на повикот од амбасадата, а кои се однесуваат на реконструкција на кровот во ОУ “Никола Парапунов, како и на реконструкција на ОУ “Гоце Делчев“, искрено се надеваме дека ќе ја добиеме посакуваната подршка “. Посетата на Виничко кале ја доближила до приказната и историјата на овој град, кој за првпат се најде во нејзината агенда, “Како што можев да чујам и да видам, вие сте едни од поголемите производители на нашата главна храна –оризот, и тука веќе ја гледам нашата поврзаност и близина. Во Виница има што да се види, се надевам дека јапонски туристи ќе го посетат вашиот град, а се надевам дека и луѓето од Виница ќе ја посетат Јапонија“- истакна амбасадорката г-ѓа Кеико Ханада при посетата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во интерес на идната соработка, во музејот “Теракота“ , Градоначалникот Димитров и врачи копија од теракотните икони и примерок од виничката монографија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace