Президиумот на Левица денеска најави дека ќе поднесе кривична пријава против Премиерот Зоран Заев за сторено кривично дело против државата, по член 308 од Кривичниот законик на Република Македонија кој се однесува на “Загрозување на независноста”.
Со прес конференција пред Основното јавно обвинителство со почеток во 11.00 часот членовите на оваа партија ќе ги образложат причините за поднесувањето на кривичната пријава.
Од Левица истакнуваат дека “…со прифаќањето на недостоинствениот предлог „Република Илинденска Македонија“ за севкупна употреба (надворешна и внатрешна), таксативно се исполнети сите законски елементи на посоченото тешко политичко кривично дело кое се гони по службена должност и за кое законот предвидува најмала казна од пет години затвор, па затоа претставници на нашиот правен тим ќе поднесат соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство за понатамошно процесуирање.
Детали од наводите во пријавата ќе бидат изнесени на прес-конференцијата.“


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието