Општина Берово во соработка со хотелскиот комплекс “Аурора“ организира втора по ред заедничка меѓународна ликовна изложба на еминентни и меѓународно признаени ликовни автори од Македонија и Србија. Отворањето на изложбата ќе биде на 22 мај (вторник) во Бизнис инкубаторот во Берово со почеток во 12 часот каде ќе бидат поставени 15 ликовни дела од македонскиот уметник Новица Трајковски и 15 дела од српската уметничка Наташа Радосављевиќ – Нара.
Влезот за сите љубители на уметноста е бесплатен.
Новица Трајковски
Роден 21. 12. 1962 година во Илинден. Дипломирал на ФЛУ во Скопје 1988 година во Скопје во класата на проф. Родољуб Атанастасов и Димитар Кондовски. Досега реализирал над 50 самостојни изложби во земјата и во странство, бил учесник на бројни групни изложби и на ликовни колонии. Последниот проект е „Убавините на Македонија“. Член е на ДЛУМ и работи како слободен уметник. Дел од циклусот „Убавините на Македонија“
Наташа Радосављевиќ – Нара
Родена е 2.11.1968 во Јагодина а живее и работи во Белград. Подеднакво е посветена на сликањето и пишувањето поезија. Имала 16 самостојни, повеќе колективни изложби и два пати била наградена во Белград и во Јагодина. Член е на повеќе уметнички здруженија и тоа „Ѓуро Јакшиќ“ „Ѓуро Салај“, КЛУЈ. Има објавено три книги поезија и член е на Здружението на книжевници на Србија.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Таа е најисточната пештера во Македонија: “Коњска дупка” во село Град, делчевско крие тајна која малкумина ја знаат
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија