БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Проблемите на сточарите во беровско пренесени до надлежните институции

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Земјоделците од Малешевијата остварија средба со Директорот на ЈП за стопанисување со пасишта Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски, во просториите на општинската зграда во Берово заедно со директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта д-р Љуљзим Фејзулаи оствари средба со земјоделците од општината. На средбата присуствуваа и претставници од Подрачната единца на МЗШВ од Берово, земјоделите ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат и кои директно влијаат кон намалување на сточниот фонд, особено со намалување на бројот на овците. Земјоделците посочија дека се соочуваат со проблем со недостиг на пасишта поради природниот процес на расејување и проширување на шумските региони, како и проблемот со непроодните шумски патишта кои се во доста лоша состојба и речиси доведени до фаза на неможност за нивно користење. Директорот истакна дека дополнително ќе се разговара за решавање на проблемите со кои се соочуваат земјоделците од Малешевијата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace