БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Калата” е бендот а “Филка мома” е волшебната песна која ќе ве стопли во овие студени зимски денови

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Македонскиот етно-џез состав “Калата” не седеле со “скрстени раце” изминатиот период, па направиле ново музичко дело што се надоврзува совршено на нивното досега скромно (по квантитет) но жестоко (по интензитет) портфолио.

Дека Македонската традиционална песна има моќ на универзална вредност која на различен начин може да допре до многу поспецифична публика со особено истанчен вкус за музички аскетизам, се најубав доказ луѓето кои стојат зад проектот наречен “Калата”.

Најновото музичко чедо на екипата на Симеон Ангеловски- Шоле како и нивните претходни музички остварувања својата нераскинлива инспирација ја крепи во битот на традиционалната македонска песна, преработена до ниво на суптилна естетика низ етно-џез инструментални варијации и мелодиски линии.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Како тивок вулкан се чувствува дека овој музички состав има во себе многу повеќе енергија која знае да ве разгали до ниво кое што останува длабоко врежано во свеста на слушателот, како епски приказ на сегменти од славната историја на народот на ова наше Македонско поднебје. Секако раскошот на традицијата е носечки столб на инспирација но младешкиот креативен порив дава огромна доза на нескромен елитизам на целокупниот музички производ кој што е пласиран веднаш после најлудата ноќ во годината. На тој начин “Калата” како да сакаат да кажат дека и на ваков креативен начин може да се одбележи преминот на времето од една година во друга, за да остане сведок ова музичко дело на времето во кое било создавано.

“Филка мома” е песна која го збогатува раскошот на претходните “За појас”, “Ленче” и “Ка се заљубиле” на овој музички бастион на современа етно-џез приказна која интимно се надеваме дека ќе продолжи да се развива но во позабрзан тек.

ПС. Првиот студиски албум на “Калата” е “испечен” но густирањето на песните ќе биде малку поспоро од вообичаеното

Креирано од:


Пренеси го гласот