По спектакуларниот пресврт во Келн, нашите Вардарци денес ќе го играат своето второ финале во Лигата на шампионите. Пред две години „црвено-црните“ херои го победија Пари Сен-Жермен и се закитија со трофејот.
Денешниот противник на македонскиот тим, унгарскиот претставник Веспрем по четврти пат ќе се бори за европскиот ракометен трон, после три неуспешни обиди во мечот против Магдебург во 2002 година, со Барселона во 2015 и со Киелце во 2016 година.
Финалето на ракометната Лига на шампиони за сезоната 2018/19 меѓу Вардар и Веспрем ќе се игра денес во Келн со почеток во 18 часот.

Карачиќ во изјава за екипа.мк истакна дека да се игра за Вардар е најголемо богатство.
Одиграа одлично во првото полувреме, но ние покажавме карактер и успеавме да се вратиме. Благодарност до сите што ни даваат поддршка во овој период, да не се повторуваме за сите проблеми со кои се соочуваме. Покажавме и квалитет и карактер и го победивме моќниот противник. Се фалеа „Ние сме Барса“ како нивни слоган, епа „Ние сме Вардар“ и сите видоа што значи тоа. На ред е Веспрем, тим што како и Баселона е преполн со врвни ракометари, но ќе сториме се за да стигнеме до трофејот – порача хрватот Карачиќ од Вардар.