Градоначалникот на општина Пехчево Александар Китански беше дел од работилницата која што ја организираше Министерството за транспорт во соработка со ЗЕЛС присуствуваше и директорката на Светска Банка во Македонија Керол Мегаванд.
Општината Пехчево е една од општините во Република Македонија која што реализира проекти во стандарди на Светска Банка во интерес на развојот на инфраструктурата за сите жители на општината.
Градоначалникот Китански најавува дека и во наредниот период општина Пехчево под негово раководство ќе продолжи со имплементацијата на големи инфраструктурни проекти, за доброто на жителите на неговата општина.
“Денеска имав можност во просториите на ЗЕЛС да бидам дел од работилницата за развој и имплементација на одржливи урбани мобилни планови во организација на Министерството за транспорт и со учество на високиот претставник од Светска банка Карол Мегеванд.
Нашата општина реализира инфраструктурни проекти кои се целосно во функција на обезбедување на критериумите и стандардите на Светска Банка за што се заслужни пред се вработените во општина Пехчево но и сите чинители кои учествуваат во процесот на планирање и изведба на овие проекти. Големата поддршка од нашата Влада и Македонскиот Премиер проф. д-р Христијан Мицкоски со огромно залагање на ресорните министри, овозможува сериозен прогрес за Пехчево и подобрување на животниот стандард за сите сограѓани.
Оваа досегашна позитивна пракса на имплементација на вакви модерни проекти ќе ја продолжиме соодветно и во наредниот период, во интерес на развојот на нашето Пехчево.”
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Пехчево Александар Китански.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево