Денеска надлежните власти во недостиг на медицински персонал во Скопје упатија медицински лица од внатрешноста на државата во клиниките во Скопје во борба со пандемијата со корона вирусот. Бројката на новозаразени граѓани е во постојан раст а капацитетите и човечките ресурси во здравствениот систем на Венко Филипче се чини е пред крај на силите.
Од Кочани се упатени седум медицински лица кои од денеска ќе ги пружаат своите услуги во Универзитетската клиника во Скопје.
“Седум здравствени работници од Кочани, Гоце Марков, Александра Кокева, Јулијана Коцева, Димитар Лазаров, Сузана Арсова, Јорданка Маневска и Магда Алексова, вработени во болницата во Кочани денес заминаа на работа во Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Тие се испратени како помош на барање од Министерството за здравство поради недостиг на медицински персонал!
Недостигот се чувствува и во Ковид центарот на ГОБ „8 Септември“ Скопје.
Почит и подршка за нашите здравствени работници кои се во првите борбени редови за борба со Ковид-19, тоа се нашите вистински херои!”
-напиша по тој повод на фејсбук Миле Лефков- Претседател на Општинскиот комитет во Кочани.
Со актуелната кризна состојба со Корона вирусот на виделина излегоа сите недостатоци на здравствениот систем во Македонија, за чие што опоравување и подигање на здрави нозе ќе треба многу ново знаење, посветеност и труд во државата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”