БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кога би била во вашето соседство ќе се зачлените ли во оваа библиотека да читате книги?

Пренеси го гласот

Со повеќе од 1,2 милиони книги и со својот футуристички-впечатлив изглед и архитектура библиотеката во Тијанџин Бинхаи- Кина е најголемата библиотека во светот.

Сместена во североистокот на Кина во област со големо културно значење за кинескиот народ, оваа библиотека е во центарот на саветското внимание откако на холандското архитектонско биро MVRDV му требаа три години да го изгради. Просторот на библиотеката е поделен на различни нивоа на знаење наредено на полици со лачни форми кои се надвиснуваат над 33 700 метри квадратни кое зјапа во отворот на предниот дел од библиотеката во форма на око.

Гигантскиот атриум овозможува проток на очекувани 4000 посетители секој ден помеѓу полиците поделени со каскади од подот до плафонот, додека најгорните простории се планирани за состаноци , технички површини за компјутери и за аудио книги.

Со својот футуристички и функционален изглед и архитектура, оваа библиотека стана центар на средби на многу студенти, истражувачи, едитори, но исто така центар на многу авантуристи кои уживаат во невообичаените фотографии.

Креирано од:


Пренеси го гласот