Во организација на Домот за култура “Тошо Арсов” од Виница во вторник на 10 јули со почеток во 20 часот ќе се одржи Џез концерт на модерна и традиционална џез музика.
Дел од композициите се авторски и за прв пат ќе бидат изведувани во Виница, а дел се познати џез стандарди.
Триото е составено од Пенче Кралев – контрабас, Виктор Филиповски – тапани и Филип Динев – гитара.
Се работи за едни од најактивните џез музичари од новиот џез бран во Македонија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември
Драма по планините во штипско: Полицијата ловела дрвократци по сценарио како за на филм