БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ОК на ВМРО-ДПМНЕ повика на протест во недела во Струмица

Пренеси го гласот

Општинскиот комитет на најголемата опозициона партија од Струмица во соработка со комитетите на Василево, Босилови и Ново Село повика на Протестен марш во недела 08.07.2018 година со почеток во 13 часот во Струмица против “политиката на секојдневни порази”

Во продолжение го пренесуваме текстот на прес конференцијата на  Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица Александар Донев

ОК ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: ПОВИК ЗА ПРОТЕСТНИОТ МАРШ ВО НЕДЕЛА

ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ,
ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА КАКО ЕДЕН ОД ПРВИТЕ ОСНОВАНИ КОМИТЕТИ НА ПАРТИЈАТА СО СВОЕТО ДЕЈСТВУВАЊЕ ЈА ДОКАЖА СВОЈАТА ИСКРЕНА ЗАЛОЖБА ДА БИДЕ ДОСТОЕН ИЗРАЗ НА ПОТРЕБАТА НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА И ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА.
ОБЕДИНЕТИ ПОД ВЕЧНОТО ЗНАМЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СПРЕМНИ СМЕ ПАК ДА ЗАСТАНЕМЕ НА БРАНИКОТ НА ИНТЕРЕСИТЕ НА ОПШТИНАТА И ТАТКОВИНАТА И ДА СЕ СООЧИМЕ СО НОВАТА КАТАТРОФА ШТО СЕ ЗАКАУВА НА НАШАТА ЗЕМЈА.
ВОДЕНИ ОД СВЕТОЛ ПРИМЕР ЧУСТВУВАМЕ ДОЛЖНОСТ ВО ОВИЕ ВАЖНИ ИСТОРИСКИ ВРЕМИЊА СО П Р О Г Л А С ДА ГИ ПОВИКАМЕ СИТЕ ЧЛЕНОВИ СИМПАТИЗЕРИ И СОГРАЃАНИ НА ОПШТА МОБИЛИЗАЦИЈА И ЗАЕДНИЧКА РАБОТА ПРОТИВ НЕСПОСОБНАТА И ШТЕТНА ВЛАСТ НА ЛОКАЛНО И НАЦИОНАЛНО НИВО.
ВЛАСТА КОЈА СО СВОЈАТА НЕСПОСОБНОСТ ГО УНИШТИ ДОСТОИНСТВОТО НА НАЦИЈАТА ГО НАРУШИ ПРАВНИОТ ПОРЕДОК ГО УНИШТУВА СТОПАНСТВОТО ГО ЗАПУСТИ ЗЕМЈОДЕЛИЕТО И ВРШИ НЕВИДЕН ПРИТИСОК ВРЗ СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ И ОПРЕДЕЛУВАЊЕТО.
ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ СТРУМИЦА ВО СОРАБОТКА СО КОМИТЕТИТЕ НА ВАСИЛЕВО БОСИЛОВО И НОВО СЕЛО ВО НЕДЕЛА НА 8- МИ ЈУЛИ СО ПОЧЕТОК ВО 13 ЧАСОТ ОРГАНИЗИРА ПРОТЕСТЕН МАРШ КАКО НАЈАВА ЗА ИНТЕНЗИВНА АКТИВНОСТ ВО РАМКИТЕ НА ЛЕТО ЗА МАКЕДОНИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ.
ПРОТЕСТНИОТ МАРШ ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО СОБИР ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ И ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ПРЕКУ СТРУМИЧКОТО КОРЗО ДО ЗГРАДАТА НА СОБРАНИЕТО НА ОПШТИНА СТРУМИЦА.
ПРОТЕСТНИОТ МАРШ ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО- ДПМНЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ.
ГИ ПОКАНУВАМЕ СИТЕ НАШИ СОГРАЃАНИ ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ НА ПРОТЕСТНИОТ МАРШ.
-ЗАЕДНО ДА КАЖЕМЕ СТОП НА ПОЛИТИКАТА НА СЕКОЈДНЕВНИ ПОРАЗИ
-ЗАЕДНО ДА ПОРАЧАМЕ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот