Кандидатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јорданчо Костадинов денеска преку социјалните мрежи промовираше уште еден од позначајните проекти во неговата предизборна програма.
🎭 Културните манифестации мора да добијат силна поддршка од локалната самоуправа! 💪
Секое наше село има свој празник, своја традиција која со генерации се пренесува 👨👩👧👦.
Наша должност е да ги негуваме и зачуваме тие вредности – тоа е нашето наследство и идентитет 🇲🇰.
✨ ,,Св. Трифун – Кучичино”,
,,Села на штрковите гнезда”,
,,Денови на оризот “
🔥 Сурва – Теранци,
🌟 Бадниковата поворка,
💧 Водици,
🔥 Коледарски оган,
и многу други се живи примери за традиција која треба да продолжи!
Како иден градоначалник, а заедно со Советот предводен од ВМРО-ДПМНЕ, овие настани ќе бидат дел од културниот календар на општината, со организациска и финансиска поддршка 🎶🏛️
🧿 Традицијата е наше непроценливо богатство. Наша должност е да ја негуваме!
ЗаТвоетоМесто 🏡
ЗаТвојотЧовек 🤝
ЗаТвојатаИднина 🌅
✅ Направи го #ВистинскиотИзбор
🗳️ Заокружи број 9!
-напиша на социјалните мрежи Јорданчо Костадинов


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во Етнокуќата во Кочани – изложба на рачни изработки со ткаење
44 годишна жена од Берово нападнала своја сограѓанка во нејзиниот дом
Тројца жители на с. Црник, пехчевско со трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во шумското подрачно стопанство “Равна Река”