Во насока на алармирање на Македонската јавност за наметнатиот проблем од страна на Бугарија содржан во извештајот на Европската комисија за Република Македонија со кој што се бара бришење на Македонскиот јазик, постоењето на Македонскиот народ во соседните држави и бришење на Македонската национална историја денеска со своја реакција во јавноста се обрати Полковник Драган Ковачки.
За него отсуството на реакција на Македонскиот државен врв во однос на ваквиот антицивилизациски чин на негирање од страна на соседна Бугарија е израз на немоќ и слабост на најповиканите функционери од власта.
Во продолжене во целост ја пренесуваме реакцијата на Драган Ковачки во врска со оваа болна тема за Македонскиот народ:
“Со лажење дојдоа, со лажење заминуваат.
Има ли нешто што кажаа дека ќе направат, а не излажаа? Веројатно има. И за тоа им честитам.
Има ли нешто што ветија дека нема да го направат, а го направија? Дали се колнеа во деца и поколенија дека националните интереси нема да бидат предадени, туку дополнително ќе ги заштителе и зачувале?
Има ли некој што се’ уште верува во лажните политики на актуелниве намесници и да мисли дека со срамниот договор од Преспа заврши македонската голгота?
Со сила ли се правиме инертни за последниот напад од исток на македонскиот јазик, народ и идентитет? Отсуството на реакција не е државничка политика, тоа не е ниту дневна политика, туку израз на немоќ и слабост.
Со последниот напад врз јазикот се прави последниот чекор за бришење на македонскиот народ и заокружување на започнатиот процес за создавање вештачка нација.
Дами и господа, другари и другарки од власта, нашиот народ вели: Се’ си изгубил тогаш кога ќе го изгубиш образот. Прашајте се по кој пат го изгубивте, ако воопшто и го имате.”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани